Трисобен стан во Охрид, во урбана заедница Центар, на атрактивна локација во хотелско-туристичката зона во непосредна близина на градскиот кеј на Охридското Езеро.
Вкупна површина на стан 70 мкв. Кат 1. Ориентација исток-запад. Паркинг на партер или во гаража со доплата по договор.
Распоред: влезно предсобје, дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, 2 спални од кои едната со излез на балкон, 2 бањи и 2 балкони.
Карактеристики: Станот се наоѓа во објект во изгрдба со краен рок за примопредавање 2028 год. Зградата се гради по најсовремени градежно-архитектонски стандарди за стабилно, квалитетно и енергетски ефикасно домување.
Атрактивна локација: Централна но тивка и мирна локација во најатрактивната хотелско туристичка зона, 300 метри од езерското градско шеталиште на Охридското Езеро - Кеј Македонија, во непосредна близина на градскиот парк, плоштадот Свети Климент Охридски, градското пристаниште, Охридската Чаршија, Спортскиот центар Билјанини Извори и мостот Студенчишта со градските плажи, до црквата Свети Никола, Факултетот за туризам и угостителство, во близина на хотели, ресторани, маркети, услужни дејности, банки и институции.
Совршен избор за пријатно домување во една од најбараните централни зони во Охрид, за туристичко работење во хотелско-туристичка градска зона, како и за времен туристички
престој, пријатен одмор, релаксација и рекреација.