Ексклузивна понуда:
Спрат од куќа со поткровје со поглед на езеро во Стар град 110 мкв.
Прекрасен спрат од куќа со поткровје во Стариот град на Охрид – Варош, на атрактивна локација со поглед на езеро, под Антички Театар.
Делот од куќата има сопствен паркинг простор.
Вкупната станбена површина изнесува 110 мкв и тоа:
Кат 1 има 75 мкв, и тоа 60 мкв површина на стан и 15 мкв балкон.
Поткровјето има 35 мкв со незапишани права.
Кат 1 распоред: дневна соба со кујна и трпезарија со прекрасен непречен поглед на Охридското езеро,спална соба со сопствена баља и поглед кон Антички Театар, ходник кој води до балкон со поглед кон Антички Театар и бања. Поткровјето се состои од една спална соба и бања.
Карактеристики: година на градба 2011, куќата е градена во охридски староградски архитектонски стил, сопствен паркинг, греење на струја, автентични дрвени прозори, врати од масовно дрво и дермит фасада.
Куќата е изградена енергетски ефикасно со соодветна изолација.
Делот од куќата се продава комплетно опремен со најсовремен мебел и бела техника како и вредни уметнички дела.
Одлична инвестиција со трајни вредности во срцето на древниот Стар град – Лихнид, светско културно наследство под заштита на Унеско.