Двособен источен стан во урбана заедница Билјанини Извори, на ул. Асном.
Квадратура 57 мкв, кат - трет со лифт, паркинг, ориентација - исток.
Станот се наоѓа на атрактивна локација, реон Билјанини Извори на само 3 минути од шеталиштето на Охридско Езеро.
Распоред: дневна соба со трепзарија и кујна и излез на балкон, спална соба, бања, ходник и балкон.
Во близина на станот има: здравствени установи, основно музичко училиште, градинка, супер маркет, бензиска пумпа, салони за убавина, различен вид продавници, хотели итн.
Станот се наоѓа во нова градба и е во завршна фаза со рок на примопредавање во септември 2024та година.
Објектот се гради по најсовремени градежно - архитектонски стандарди.
Совршен избор за семејно домување или времено сместување за туристички потреби.