Ексклузивна понуда.
Трисобен комфорен дуплекс стан во Охрид, во урбана зедница 8-ми Септември, на улица „Охридска бригада“ бр.72, во близина на центарот на градот.
Површина 102 мкв. Кат 2+Мансарда, без лифт. Ориентација југ-исток-запад.
Распоред: простран дневен престој, со трпезарија со излез на 2 француски балкони, засебна кујна, 3 спални, бања и гостински тоалет. Дневната соба, кујната и бањата се на 2-ри кат, а спалните, гостинскиот тоалет и двата балкони со прекрасен, отворен поглед кон Охрид, Самоиловата тврдина и околните планини, се на мансарда.
Станот дуплекс се наоѓа во зграда понова градба со ПВЦ прозори, дрвени внатрешни врати, под од плочки, надворешни ролетни.
Напомена: зградата има дворно место, но нема паркинг.
Дуплекс станот се продава делумно опремен, со поголемиот дел од мебелот и апаратите за домаќинство.
Агенцијата Капитал поседува ексклузивно право на продажба на овој недвижен имот.