kapitalohrid.mk

Прикажи #:
Сортирај по:
  • 1449_viber_image_2025-07-23_14-25-17-110.jpgАТРАКТИВНА КУЌА ПРИЗЕМЈЕ И 2 КАТА СО ГОЛЕМ ДВОР ОХРИД ЦЕНТАР I ЗОНА ЕЗЕРО

    Шифра
    20011
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 940,000

    Атрактивна-Ексклузивна понуда:

    Пространа куќа со 274 мкв внатрешна станбена површина, двор од 292 мкв, прва урбана зона над Охридското Езеро, до градскиот кеј-шеталиште во Охрид, со поглед на езеро. Во најатрактивната и најпосакувана облас за живеење и одмор во строгиот центар на Охрид, на самиот брег на Охридското Езеро. 

    Вкупна станбена, внатрешна површина 274 мкв, 84 мкв на приземје, 94 мкв на 1 кат, 96 мкв на 2 кат. Ориентација исток-југ. Земјиште под зграда 112 мкв. Простран двор 292 мкв. Куќа со приземје, два ката, подрум, големо дворно место. 

    Распоред: Приземје со дневен престој и трпезарија, спална соба, посебна кујна, бања и тераса. Прв кат со дневен престој и трпезарија, 2 спални соби, посебна кујна, бања и 2 балкони. Втор кат со дневен престој и трпезарија, 2 спални соби, посебна кујна, бања и 2 балкони. Ходници, скалишта и подземен подрум. Простран хортикултурно уреден двор околу куќата со можност за престој, одмор, уживање, паркирање возила, чување дрва и различни ствари. 

    Карактеристики: релативно нова, добро сочувана градба, изградена многу солидно, исклучително стабилна, според највисоките градежно-архитектонски стандарди, со врвен квалитет, одлична топлинска изолација, во исклучително добра, сочувана состојба од надворешната страна и во внатрешноста.

    Куќата комплетно се продава во постојната состојба, со целосната опрема, мебел, апарати за домаќинство и се што се наоѓа во неа. Куќата е користена ретко, единствено за времен туристички престој на сопствениците. 

    Нуди исклучителни услови за живеење во строгиот центар на Охрид, непосредно до брегот на Охридското Езеро, во урбан,  мирен амбиент, во внатрешноста на првата урбана зона со недвижности над Охридското Езеро, до  самото градско шеталиште, во срцето на Охрид. Куќата е доста пространа, со три апартмански целини, сите содржини за функционално и комфорно живеење, балкони на 1 и 2 кат со прекрасен поглед на Охридското Езеро. Душа на куќата и дава големото дворно место, оплеменето со зеленило, цвеќиња и прекрасен хуртикултурно уреден  амбиент. 

    Премиум атрактивна локација: Строг Центар на Охрид, во првата, најценета урбана зона над Охридското Езеро. Веднаш до градскиот езерски кеј и шеталиште, до плажите, мостот Студенчишта, прочуените Билјанини Извори и истоимениот Спортско-рекреативен центар, Факултетот за туризам и угостителство, градскиот парк, во близина на централниот плоштад во Охрид, градското пристаниште, хотелско-угостителски и објекти за забава, спортско- рекреативни содржини, охридската чаршија, маркети, банки, институции и услужни дејности, сите лесно и брзо достапни пеш. 

    Уникатна прилика за мудра инвестиција во вредна недвижност за многу идни генерации, чија вредност секојдневно расте. Идеална можност за пријатно домување на највисоко ниво, во средина со прекрасна природа во најпривлечната урбана зона во строгиот центар на Охрид, за времен престој, туристичко работење, одмор, релаксација, рекреација и уживање на вистинските вљубеници во прекрасниот Охрид. 

  • 1282_viber_image_2023-04-24_11-58-53-612.jpgКуќа со дворно место и поглед на езеро во Велестово

    Шифра
    20 004
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 400,000

    Куќа во с.Велестово со дворно место на прекрасна локација од која се гледаат целиот град Охрид и Охридско езеро.

    Вкупната изградена површина на куќата изнесува 320 мкв од кои 43 мкв се помошни простории.

    Куќата располага со: сутерен кат, прв кат и втор кат. 

    Сутерниот кат од куќата е комплетно завршен, додека првиот и вториот кат од куќата се во зафршна фаза.

    Прекрасно место опкружено со природа која дава чувство на интимност и спокој. 

     

  • 1459_Objekt Goce Delcev 3.jpgКУЌА ВО СРЦЕТО НА СТАРА ЧАРШИЈА-ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

    Шифра
    20 012
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 265,000

    ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:

    Нова куќа во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридско Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски. 

    Куќата е новоградба, со приземје и два ката, со влез во чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.  

    Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, на влезот во градскиот пазар. Куќата е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски. 

    Со централната, привлечна локација и можностите кои ги нуди станбено-деловниот објект, за живеење, туристичко работење и различни деловни активности, тој е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената. 

  • 1474_Objekt Goce Delcev 2.jpgСТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО СРЦЕ СТАРА ЧАРШИЈА-ПАЗАР ОХРИД

    Шифра
    30 005
    Тип
    Деловни простории
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 265,000

    ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:

    Нов станбено-деловен објект во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридското Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски. 

    Објектот е новоградба, со приземје и два ката и влез од чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.  

    Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, до  влезот во градскиот пазар. Објектот е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски. 

    Со централната, привлечна локација и можностите што ги нуди станбено-деловниот објект, за развивање бизниси и различни деловни активности, за живеење и за туристичко работење, ова е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената. 

  • 1340_1.jpgДЕЛ ОД КУЌА 110 МКВ СТАР ГРАД ОХРИД СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО

    Шифра
    20 008
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 225,000

    ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА - СТАР ГРАД:

    Кат од куќа и поткровје со отворен, широк поглед на Охридско Езеро и Стар град Охрид, 110 мкв.

    Прекрасен, автентичен дел од куќа, 1 кат и поткровје во срцето на старото урбано јадро на Охрид – Варош, на атрактивна локација, под Античкиот Театар.

    Делот од куќата има свој паркинг простор.

    Катот е со посебен независен влез, со контролен водомер и посебно електрично броило. 

    Вкупната внатрешна станбена површина изнесува 110 мкв и тоа:

    Кат 1 има 75 мкв, и тоа 60 мкв површина на стан и 15 мкв балкон.

    Поткровјето има 35 мкв со незапишани права.

    Кат 1 распоред: дневен престој со кујна и трпезарија има прекрасен, непречен поглед на Охридското Езеро, спална соба со сопствена бања и поглед кон Самоиловата тврдина и Античкиот театар, ходник кој води до простран балкон со поглед кон Античкиот театар и бања. Поткровјето со прозори се состои од една спална соба, за спиење и одмор, со можност за работен дел и за складирање ствари.  

    Карактеристики: година на градба 2011, куќата е градена во автентичен охридски, староградски архитектонски стил, со висока стабилност и стандардизиран квалитет, сопствен паркинг, греење на струја, автентични дрвени прозори, врати од масивно дрво и демит фасада.

    Куќата е со енергетска ефикасност и одлична изолација.

    Делот од куќата се продава комплетно опремен со најсовремен, квалитетен мебел, апарати за домаќинство - бела техника и со вредни, авторски уметнички дела.

    Одлична, визионерска, мудра инвестиција со трајни вредности во срцето на древниот град – Лихнид, во дел од охридското, светско културно-историско и природно наследство под заштита на УНЕСКО.

  • 1494_Дневна 6.jpgГОТОВ ДВОСОБЕН СТАН 69 МКВ СТРОГ ЦЕНТАР ОХРИД БЛИЗУ ЕЗЕРО

    Шифра
    10 128
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 194,000

    Готов, веднаш вселив стан со имотен лист, 69 мкв, Охрид Строг Центар, II линија до езеро. 

    Вкупна површина: 69 мкв. Внатрешна површина на стан 58 мкв, голем балкон 11 мкв. Кат 6, има лифт. Источно-јужна ориентација, со поглед кон Охридското Езеро, шеталиштето, кејот и планината Галичица. 

    Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, спална соба, бања, ходник и голем балкон. 

    Станот се продава комплетно уреден, со мебел, целосна опрема, сите елементи и апарати за домаќинство, под од паркет и плочки, клима уред и др. 

    Станот е во релативно стар објект, изграден последните децении, според сите архитектонски и градежни стандарди и современи трендови за докажано безбедно, квалитетно, економично и комфурно домување, 

    Премиум атрактивнма локација: Строг Центар на Охрид, втор ред до Охридското Езеро, во непосредна близина на градското шеталиште, кеј и плажите, главниот плоштад Свети Климент Охридски, градскиот парк, главното пристаниште, чаршијата, маркети, ресторани, кафетерии, хотели, банки, зградата на Општина Охрид, други институции и услужни дејности. 

    Ретка можност за исплатливо инвестирање во квалитетен стан во урбаното срце на Охрид, во непосредна близи на сите содржини на туристичкиот бисер. Идеална можност за избор на атрактивен, готов, веднаш вселив стан со имотен лист, за убаво функционално домување, пријатен одмор, релаксација, рекреација и туристичко работење во најцентралната градска зона на Охрид. 

  • 1288_Pogled od balkon.jpgЕКСКЛУЗИВЕН АПАРТМАН 63 МКВ НАД ПЛАЖА ОХРИДСКО ЕЗЕРО КАЈ ПЕШТАНИ

    Шифра
    10 005
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 169,000

    Ексклузивна понуда:

    Луксузен, комплетно опремен двособен апартман до Пештани, на самиот брег на Охридското Езеро.

    Вкупна површина 81 мкв, стан 55 мкв, балкон 8 мкв, гаража 14 мкв и бокс-остава 4 мкв. Кат 2, со лифт.

    Апартманот располага со комфорен дневен престој со трпезарија, кујна и излез на балкон, спална соба со излез на балкон, претсобје, бања, гостински тоалет и балкон со директен, отворен, магичен поглед кон Охридското Езеро.

    Станот се продава комплетно опремен со модерен мебел и сите апарати за домаќинство-бела техника.  

    Атрактивна локација над магистралниот пат Охрид-Пештани-Свети Наум, 10-тина метри од плажата на Охридското Езеро, 12 km од градот Охрид, непосредно пред туристичката населба Пештани.

    Апартманот се наоѓа во релативно нова, луксузна зграда на охридското крајбрежје, со концепт по најсовремени европски градежно-архитектонски стандарди, изградена со висококвалитетни материјали на познати бренд производители, со термо и звучна  изолација, модерен внатрешен дизајн на заедничките простории, убаво осмислена и уредена околина.  

    Комплексот располага со сопствена, чиста, уредена плажа, сопствен надворешен паркинг, покриени гаражи и складишен простор на затворено приземје, за што се грижат домар и градинар. 

    Уникатно, интимно место на самиот брег на Охридското Езеро кое плени со чувство на спокој и уживање, во еко средина, со директен, отворен поглед кон езерото и планината Галичица, совршено за ексклузивно домување, времен престој, туристичко работење, одмор и рекреација 

  • 977_Screenshot-2018-5-30 OSSP(7).pngСтанбено деловен објект на ул. Железничка

    Шифра
    30 001
    Тип
    Деловни простории
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 160,000

    Ексклузивна понуда

    Станбено деловен објект во Охрид, на ул. Железничка бр. 156.

    Парцелата се наоѓа на КП 2946 КО Охрид 4 со вкупна површина од 360 мкв.

    Објектот се сотои од:

    Индивидуална станбена куќа приземје со вкупна површина од 73 мкв.

    Деловен простор 1 со површина од 23 мкв.

    Деловен простор 2 со површина од 50 мкв.

    Деловен простор 3 со површина од 14 мкв.

    За цената може да се преговара.

  • 1444_71 mkv.jpgТРИСОБЕН СТАН ВО ОХРИД, ДАЉАН, НА ЕЗЕРСКИ БРЕГ, 71 МКВ

    Шифра
    10087
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 142,000

    Трисобен стан во Охрид, во урбана заедница Воска, на атрактивна крајбрежна локација во населбата Даљан, на 100-тина метри од Охридското Езеро. 

    Вкупна површина на стан 71 мкв. Кат: 1, 2, 3 и 4. Ориентација: југ. Паркинг простор со доплата. 

    Распоред: доста комфорен дневен престој со кујна и трпезарија, 2 комотни спални соби, бања и балкон. 

    Карактеристики: станот се наоѓа во зграда во изградба со краен рок за примопредавање 2027 година. Станбениот објект се гради по најсовремени стандарди за стабилно, висококвалитетно, енергетски ефикасно и комфорно домување, според последните светски трендови. 

    Атрактивна локација: во непосредна близина, на само стотина метри од Охридското Езеро, на крајбрежјето во крајезерската населба Даљан. Локацијата е на 1,8 километар од центарот на Охрид и градскиот пазар, во мирна средина, далеку од градската бучава и сообраќајната фрекфенција, во развиена урбана населба, со средена инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Во близина има повеќе маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас, како и патеки за рекреација низ охридскиот рид кон плажите Лабино, Потпеш, црквата Свети Јован Канео, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник и други атракции во Охрид. 

    Идеални услови за урбано домување во прекрасен амбиент на брегот на Охридското Езеро, за уживање на плажа со поглед кон залезот на сонцето, за туристичко работење, времен престор, за релаксација и рекреација. 

  • 1492_Рендер за стан 37.jpgЧЕТИРИСОБЕН СТАН 102 МКВ БУЛ. ТУРИСТИЧКА ОХРИД ЦЕНА НАЈПОВОЛНА

    Шифра
    10 126
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 137,700

    Четирисобен стан во градба во нов објект на булевар „Туристичка“, непосредно до хотел Фламенго. 1 km од строг Центар на Охрид, 700 метри од плажата Даљан и Охридското Езеро. Цена најповолна во Охрид. 

    Вкупна површина на стан: 102 мкв. Кат 4, со лифт. Ориентација исток.

    Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 3 спални соби, бања, гостински тоалет, ходник и балкон.

    Можност за купување паркинг простор со доплата. 

    Станот се наоѓа во нов објект во градба, кој се гради според сите современи стандарди и трендови за безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување. Рокот за довршување на градбата е крај на 2028 година. 

    Локација: до булевар „Туристичка“, во нов урбан дел на Охрид, во близина на хотел Фламенго. На 1 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар, во близина на маркети, ресторани, зелено пазарче, хотели, бензински пумпи и други услужни дејности. 

    Цена многу поволна, 1.350 Евра/мкв. Тотал = 137.700 Евра. 

    Одличен избор на стан за комфорно урбано домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење. 

  • 1495_Рендер запад.jpgКОМФОРЕН ТРИСОБЕН СТАН 85 МКВ БУЛ. ТУРИСТИЧКА ОХРИД

    Шифра
    10 129
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 136,000

    Трисобен стан во градба во нов објект на булевар „Туристичка“, непосредно до хотел Фламенго. 1 km од строг Центар на Охрид, 700 метри од плажата Даљан и Охридското Езеро. Цена најповолна во Охрид. 

    Вкупна површина на стан: 85 мкв. Кат 1 и 3, со лифт. Ориентација југо-запад.

    Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални соби, бања, ходник и балкон.

    Можност за купување паркинг простор со доплата. 

    Станот се наоѓа во нов објект во градба, кој се гради според сите современи стандарди и трендови за безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување. Рокот за довршување на градбата е крај на 2028 година. 

    Локација: до булевар „Туристичка“, во нов урбан дел на Охрид, во близина на хотел Фламенго. На 1 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар, во близина на маркети, ресторани, зелено пазарче, хотели, бензински пумпи и други услужни дејности. 

    Цена 1.600 Евра/мкв. 

    Одличен избор на стан за комфорно урбано домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење. 

  • 1455_1.jpgЧЕТИРИСОБЕН SMART LIVING СТАН 90 МКВ СТРУГА СТРОГ ЦЕНТАР БЛИЗУ ЕЗЕРО

    Шифра
    10 095
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 135,000

    Четирисобен стан-smart living, строг центар Струга, 200 метри од Охридско Езеро.

    Вкупна површина на стан 90 мкв, на 1 кат. Западно-северна ориентација. Паркинг гаража со доплата. 

    Распоред: простран дневен престој со кујна и трпезарија, 3 спални соби, 2 ходници и 2 бањи и 2 балкони. Можност за купување подземна паркинг гаража, на -1 ниво, со доплата. 

    Карактеристики: станот е во нов објект во градба (приземје + 2 ката + поткровје), со краен рок за примопредавање 2026 година. Овој релативно мал станбен објект се гради според најновите стандарди и светски трендови за „smart living“ (паметно домување), со врвен квалитет, докажана стабилност, еко домови со енергетска ефикасност А класа, материјали од најпознати светски производители, современи технологии, за економично и комфорно домување. 

    Најатрактивна локација во Струга: Строг Центар, на 200 метри од брегот на Охридското Езеро, до кејот на реката Црн Дрим, мостот на поезијата и градските плажи, хотел Дрим, паркови, угостителски и забавни објекти, институции, продавници, пешачки патеки, можности за рекреација, релаксација и одмор. 

    Совршен избор на нов, современ еко дом за комфорно живеење, со одлични услови за лесно секојдневно функционирање, времен престој, туристичко работење, одмор и рекреација во Струга. 

  • 1071_DSC03444.jpgДУПЛЕКС СТАН ВО БЛИЗИНА НА ОХРИД ЦЕНТАР 102 МКВ ЦЕНА ПОВОЛНА

    Шифра
    10 001
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 127,500

    Ексклузивна понуда.

    Трисобен комфорен дуплекс стан во Охрид, во урбана зедница 8-ми Септември, на улица „Охридска бригада“ бр.72, во близина на центарот на градот.

    Површина 102 мкв. Кат 2+Мансарда, без лифт. Ориентација југ-исток-запад.

    Распоред: простран дневен престој, со трпезарија со излез на 2 француски балкони, засебна кујна, 3 спални, бања и гостински тоалет. Дневната соба, кујната и бањата се на 2-ри кат, а спалните, гостинскиот тоалет и двата балкони со прекрасен, отворен поглед кон Охрид, Самоиловата тврдина и околните планини, се на мансарда.

    Станот дуплекс се наоѓа во зграда понова градба со ПВЦ прозори, дрвени внатрешни врати, под од плочки, надворешни ролетни.

    Напомена: зградата има дворно место, но нема паркинг.

    Дуплекс станот се продава делумно опремен, со поголемиот дел од мебелот и апаратите за домаќинство. 

    Агенцијата Капитал поседува ексклузивно право на продажба на овој недвижен имот.

  • 1443_63 mkv.jpgТРИСОБЕН СТАН ВО ОХРИД, ДАЉАН, НА ЕЗЕРСКИ БРЕГ, 63 МКВ

    Шифра
    10086
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 126,000

    Трисобен стан во Охрид, во урбана заедница Воска, на атрактивна крајбрежна локација во населбата Даљан, на 100-тина метри од Охридското Езеро. 

    Вкупна површина на стан 63 мкв. Кат: 1, 2, 3 и 4. Ориентација: северозапад. Паркинг простор со доплата. 

    Распоред: комфорен дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални соби, бања и балкон. 

    Карактеристики: станот се наоѓа во зграда во изградба со краен рок за примопредавање 2027 година. Станбениот објект се гради по најсовремени стандарди за стабилно, висококвалитетно, енергетски ефикасно и комфорно домување, според последните светски трендови. 

    Атрактивна локација: во непосредна близина, на само стотина метри од Охридското Езеро, на крајбрежјето во крајезерската населба Даљан. Локацијата е на 1,8 километар од центарот на Охрид и градскиот пазар, во мирна средина, далеку од градската бучава и сообраќајната фрекфенција, во развиена урбана населба, со средена инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Во близина има повеќе маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас, како и патеки за рекреација низ охридскиот рид кон плажите Лабино, Потпеш, црквата Свети Јован Канео, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник и други атракции во Охрид. 

    Идеални услови за урбано домување во прекрасен амбиент на брегот на Охридското Езеро, за уживање на плажа со поглед кон залезот на сонцето, за туристичко работење, времен престор, за релаксација и рекреација. 

  • 1442_62 mkv.jpgТРИСОБЕН СТАН ВО ОХРИД, ДАЉАН, НА ЕЗЕРСКИ БРЕГ, 62 МКВ

    Шифра
    10085
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 124,000

    Трисобен стан во Охрид, во урбана заедница Воска, на атрактивна крајбрежна локација во населбата Даљан, на 100-тина метри од Охридското Езеро. 

    Вкупна површина на стан 62 мкв. Кат: 1, 2, 3 и 4. Ориентација: запад. Паркинг простор со доплата. 

    Распоред: комфорен дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални соби, бања и балкон. 

    Карактеристики: станот се наоѓа во зграда во изградба со краен рок за примопредавање 2027 година. Станбениот објект се гради по најсовремени стандарди за стабилно, висококвалитетно, енергетски ефикасно и комфорно домување, според последните светски трендови. 

    Атрактивна локација: во непосредна близина, на само стотина метри од Охридското Езеро, на крајбрежјето во крајезерската населба Даљан. Локацијата е на 1,8 километар од центарот на Охрид и градскиот пазар, во мирна средина, далеку од градската бучава и сообраќајната фрекфенција, во развиена урбана населба, со средена инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Во близина има повеќе маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас, како и патеки за рекреација низ охридскиот рид кон плажите Лабино, Потпеш, црквата Свети Јован Канео, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник и други атракции во Охрид. 

    Идеални услови за урбано домување во прекрасен амбиент на брегот на Охридското Езеро, за уживање на плажа со поглед кон залезот на сонцето, за туристичко работење, времен престор, за релаксација и рекреација. 

     

  • 1435_logo k+ohrid_architecture.jpgДВОСОБЕН СТАН ОХРИД ЦЕНТАР ХОТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА ЗОНА 49 МКВ

    Шифра
    10 079
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 122,500

    Двособен стан во Охрид, во урбана заедница Центар, на атрактивна локација во хотелско-туристичката зона во непосредна близина на градскиот кеј на Охридското Езеро. 

    Вкупна површина на стан 49 мкв. Кат 1. Ориентација запад. Паркинг на партер или во гаража со доплата по договор.
    Распоред: влезно предсобје, дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална со излез на балкон, бања и балкон.
    Карактеристики: Станот  се наоѓа во објект во изгрдба со краен рок за примопредавање 2028 год. Зградата се гради по најсовремени градежно-архитектонски стандарди за стабилно, квалитетно и енергетски ефикасно домување.
    Атрактивна локација: Централна но тивка и мирна локација во најатрактивната хотелско туристичка зона, 300 метри од езерското градско шеталиште на Охридското Езеро - Кеј Македонија, во непосредна близина на градскиот парк, плоштадот Свети Климент Охридски, градското пристаниште, Охридската Чаршија, Спортскиот центар Билјанини Извори и мостот Студенчишта со градските плажи, до црквата Свети Никола, Факултетот за туризам и угостителство, во близина на хотели, ресторани, маркети, услужни дејности, банки и институции.
    Совршен избор за пријатно домување во една од најбараните централни зони во Охрид, за туристичко работење во хотелско-туристичка градска зона, како и за времен туристички
    престој, пријатен одмор, релаксација и рекреација.

     

  • 1441_61 mkv.jpgДВОСОБЕН СТАН ВО ОХРИД, ДАЉАН, НА ЕЗЕРСКИ БРЕГ, 61 МКВ

    Шифра
    10084
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 122,000

    Двособен стан во Охрид, во урбана заедница Воска, на атрактивна крајбрежна локација во населбата Даљан, на 100-тина метри од Охридското Езеро. 

    Вкупна површина на стан 61 мкв. Кат: 1, 2, 3 и 4. Ориентација: југ. Паркинг простор со доплата. 

    Распоред: комфорен дневен престој со кујна и трпезарија, спална, бања и балкон. 

    Карактеристики: станот се наоѓа во зграда во изградба со краен рок за примопредавање 2027 година. Станбениот објект се гради по најсовремени стандарди за стабилно, висококвалитетно, енергетски ефикасно и комфорно домување, според последните светски трендови. 

    Атрактивна локација: во непосредна близина, на само стотина метри од Охридското Езеро, на крајбрежјето во крајезерската населба Даљан. Локацијата е на 1,8 километар од центарот на Охрид и градскиот пазар, во мирна средина, далеку од градската бучава и сообраќајната фрекфенција, во развиена урбана населба, со средена инфраструктура и сообраќајна поврзаност. Во близина има повеќе маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас, како и патеки за рекреација низ охридскиот рид кон плажите Лабино, Потпеш, црквата Свети Јован Канео, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник и други атракции во Охрид. 

    Идеални услови за урбано домување во прекрасен амбиент на брегот на Охридското Езеро, за уживање на плажа со поглед кон залезот на сонцето, за туристичко работење, времен престор, за релаксација и рекреација. 

     

  • 1387_NOVO LOGO KAPITAL.jpgАПАРТМАН НА ПЛАЖА ОХРИДСКО КРАЈБРЕЖЈЕ 47 МКВ СВ. СТЕФАН

    Шифра
    10 033
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 117,500

    Единствена и неодолива понуда, на самиот брег на Охридско Езеро, на една од најатрактивните и најпосакуваните локации во Охрид.

    Апартманот се наоѓа во туристичката населба Св. Стефан, на прекрасна природна плажа опкружена со сини езерски води и зеленило, што овозможува чувство на спокој и уживање.
    Површина на апартман 47 мкв. Кат високо приземје. 
    Апартманот располага со: дневна соба со трпезарија и кујна со излез на балкон со прекрасен поглед на Охридско Езеро, спална соба со излез на балкон, претсобје и бања.
    Зградата се гради во современ стил, според најсовремени градежно архитектонски стандарди.
    Рокот на примопредавање e 12/26.
    Во близина на апартманот има прекрасни плажи, планинарски пешачки патеки, хотели, ресторани, спа центри, итн.
    Сигурна инвестиција во недвижен имот на брегот на Охридското Езеро со постојана додадена вредност - вредноста на апартманот во иднина постојано ќе расте.
    Прекрасна местоположба во еко природна средина, совршена за релаксација и уживање. 
    Одличен избор за одмор, домување, времен престој и туристичко работење.

  • 1428_Render.jpgТРИСОБЕН ЈУЖЕН СТАН ВО ОХРИД-БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 64 МКВ

    Шифра
    10 072
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 115,200

    Трисобен јужен стан во Охрид, во урбана заедница Билјанини Извори, на атрактивна локација. 

    Вкупна површина 64 мкв и тоа внатрешна станбена површина 58 мкв и балкон лоѓија 6 мкв. Кат 1 со лифт. Ориентација југ. Паркинг на партер со доплата по договор.
    Распоред: влезно предсобје, дневена со трпезарија и кујна со излез на балкон, 2 спални и тоа родителска спална со излез на балкон и детска спална, wc, бања и балкон. 
    Карактеристики: станот се наоѓа во објект во изградба со краен рок за примопредавње 2026 год. Зградата се гради според сите современи архитектонски и градежни стандарди за стабилно, квалитетно и енергетски ефикасно домување. 
    Привлечна локација: станот е во мирна, лесно достапна локација, во непосредна близина на Градската Болница, детската градинка Лихнида, маркети, зелено пазарче, парк со детско игралиште, Билјанините Извори и охридскиот спортско-рекреативен центар, градскиот кеј на Охридското Езеро и плажите, Националниот парк Галичица и сите услови за лесно секојдневно функционирање. 
    Одличен избор за пријатно и спокојно домување во атрактивна урбана зона на Охрид, за туристичко работење или за одмор и времен туристички престој. 

  • 1493_1.jpgГОТОВ ОПРЕМЕН ДВОСОБЕН СТАН 56 МКВ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

    Шифра
    10 127
    Тип
    Станови
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 110,000

    Готов, двособен, веднаш вселив стан во нова градба, комплетно опремен, со имотен лист, Билјанини Извори Охрид. Во одлична состоба, воопшто неупотребуван.

    Вкупна површина: 56 мкв. Внатрешна станбена површина 51 мкв, балкон 5 мкв. 3 кат. Источна ориентација.

    Распоред: Дневен престој со кујна и трпезарија со излез на балкон, 1 спална соба, бања, ходник, балкон и остава. 

    Станот се продава со комплетна, квалитетна опрема, сите елементи од мебел и апарати за домаќинство, систем за греење и ладење, под од паркет и плочки, алуминиумски венецијан ролетни, воопшто некористен.

    Станот е во релативно нова градба, изградена по современи градежно-архитектонски стандарди и трендови за стабилно, квалитетно, економично и комфорно домување. Располага со простран јавен паркинг, за потребите на сопствениците на становите и посетителите.

    Атрактивна локација: во населбата Билјанини Извори, нов урбан дел непосредно до истоимениот прочуен локалитет и спортско-рекреативен центар, 500 метри од Охридското Езеро, градскиот кеј, плажи и парк, 1 km од строгиот центар на Охрид и главното пристаниште, во непосредна близина на големи бренд маркети, продавници, пазарчиња, детски градинки, други институции и услужни дејности. 

    Одличен избор на нов, готов, комплетно уреден стан, за пријатно и функционално домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење. 

Страна 1 од 5

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian