
Ексклузивно Еко Ресорт¶Ексклузивна понуда
“Еко ресорт“ во околината на Охрид во рурална средина.
Еко ресортот е сместен по течението на река во еколошки чиста и недопрена природа.
Објекти во состав на ресортот:
* Вила со 12 двокреветни апартмани со бања и затворени тераси. Апартманите се опремени со мебел во рустичен стил кој му дава топол амбиент на просторот во духот на селска идила.
* Зимски ресторан комплетно опремен;
* Летен ресторан - со платформа над река и базен за крапови. Ресторанот е комплетно опремен;
* Спа центар со финска и парна бања, џакузи и чајна кујна.
* Два надворешни шанкови и летниковци
* Надворешен базен.
Ресортот е одлична бизнис инвестиција бидејќи живееме во ера кога бегството во чиста и недопрена природа, така наречен алтернативен еко туризам, е светски тренд како најпосакуван избор од туристите за бегство од секојдневниот урбан живот и одмор и релаксација во мирна селска идила.
Цена по договор.
Куќа со дворно место во Ресен¶Спрат од куќа со дворно место во Ресен.
Врот кат:
Катот располага со: две дневни соби, од кои едната заедно со трпезарија и кујна, три спални соби, две купатила и шпајз.
Градбата е бетонски армирана и во многу здрава состојба.
Куќата располага со двор од 400 мкв.
Мирно место совршено за семејно домување.
КУЌА ВЕЛГОШТИ СО ДВОРНО МЕСТО НА АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА¶Куќа со приземје, два ката и голем двор, на главниот пат во Велгошти.
Вкупна површина на парцела 613 мкв. Земјиште под зграда 62 мкв. Пространо дворно место 551 мкв. Куќа лепенка, со приземје и 2 ката.
Распоред: гаража, помошна просторија и бања на приземје. На кат 1 и кат 2, по 1 простран дневен престој со кујна и трпезарија, по 1 спална соба и по 1 балкон на секој кат. Во куќата е потребно внатрешно доуредување.
Атрактивна, мирна локација со повеќе можности. Куќата се наоѓа на самиот главен асфалтен пат во Велгошти, на 2,5 km од строгиот центар на Охрид.
Добра прилика за мудра инвестиција во недвижност со можности за комфорно домување во населба која е споена со урбаниот дел на Охрид, за повеќенаменско користење на пространото земјиште-дворно место околу куќата и за нејзино изнајмување.
ДУПЛЕКС 110 МКВ СТАР ГРАД ОХРИД СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРО¶ЕКСКЛУЗИВНА ПОНУДА - СТАР ГРАД ОХРИД:
Дуплекс 110 мкв, на премиум локација, со отворен поглед на Охридско Езеро и Стар град Охрид.
Прекрасен, автентичен дел од куќа, 1 кат и поткровје во срцето на старото урбано јадро на Охрид – Варош, на атрактивна локација, под Античкиот Театар.
Дуплексот има обезбеден паркинг простор.
Катот е со посебен независен влез, со контролен водомер и посебно електрично броило.
Вкупната внатрешна станбена површина изнесува 110 мкв: Кат 1-75 мкв, и тоа 60 мкв површина на стан и 15 мкв балкон. Поткровјето има 35 мкв со незапишани права.
Кат 1 распоред: дневен престој со кујна и трпезарија има прекрасен, непречен поглед на Охридското Езеро и бања, спална соба со сопствена бања и поглед кон Самоиловата тврдина и Античкиот театар, ходник кој води до простран балкон со поглед кон Античкиот театар. Поткровјето со прозори, има една спална соба, за спиење и одмор, со можност за работен дел, за бања и за складирање ствари.
Карактеристики: година на градба 2011, куќата е градена во автентичен охридски, староградски архитектонски стил, со висока стабилност и стандардизиран квалитет, сопствен паркинг, греење на струја, автентични дрвени прозори, врати од масивно дрво и демит фасада. Куќата е со енергетска ефикасност и одлична изолација.
Делот од куќата се продава комплетно опремен со најсовремен, квалитетен мебел, апарати за домаќинство - бела техника и со вредни, авторски уметнички дела.
Одлична, визионерска, мудра инвестиција со трајни вредности во срцето на древниот град – Лихнид, во дел од охридското, светско културно-историско и природно наследство под заштита на УНЕСКО. Дуплексот е идеален, ретко достапен избор за пријатно домување, времен престој, профитабилно туристичко работење преку целата година, за автентичен одмор, релаксација, рекреација и уживање.
КУЌА ВО СРЦЕТО НА СТАРА ЧАРШИЈА-ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД¶ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:
Нова куќа во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридско Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски.
Куќата е новоградба, со приземје и два ката, со влез во чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.
Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, на влезот во градскиот пазар. Куќата е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски.
Со централната, привлечна локација и можностите кои ги нуди станбено-деловниот објект, за живеење, туристичко работење и различни деловни активности, тој е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената.