Спрат од куќа со дворно место во Ресен.
Врот кат:
Катот располага со: две дневни соби, од кои едната заедно со трпезарија и кујна, три спални соби, две купатила и шпајз.
Градбата е бетонски армирана и во многу здрава состојба.
Куќата располага со двор од 400 мкв.
Мирно место совршено за семејно домување.
Ексклузивна понуда
“Еко ресорт Вила Арт Момир“ во село Опеница - Охрид.
Еко ресортот е сместен на Опеничка река во еколошки чиста и недопрена природа.
Објекти во состав на ресортот:
* Вила со 12 двокреветни апартмани со бања и затворени тераси. Апартманите се опремени со мебел во рустичен стил кој му дава топол амбиент на просторот во духот на селска идила.
* Зимски ресторан комплетно опремен;
* Летен ресторан - со платформа над река и базен за крапови. Ресторанот е комплетно опремен;
* Спа центар со финска и парна бања, џакузи и чајна кујна.
* Два надворешни шанкови и летниковци
* Надворешен базен.
Ресортот е одлична бизнис инвестиција бидејќи живееме во ера кога бегството во чиста и недопрена природа, така наречен алтернативен еко туризам, е светски тренд како најпосакуван избор од туристите за бегство од секојдневниот урбан живот и одмор и релаксација во мирна селска идила.
Цена по договор.
Ексклузивна пондуда:
Куќа со центарот на Охрид, во непосредна близина на градски Пазар, Охридска банка и хотел Чинго, лепенка со вила Пиано.
Вкупна површина на парцела 200 мкв и тоа земјиште под зграда 97 мкв и дворно место 103 мкв.
Куќата е со катност П+2. Можност за доградба П+3+Пк според Детален урбанистички план за Урбана зона 1 Блок 1.2, 1.4 и дел од Блок 3.4 за КП 14589 КО Охрид 3.
Вкупна станбена површина на куќа 200 мкв. Гаража 30 мкв.
Распоред на приземје: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, бања, предсобје и балкон.
Распоред на кат 1: дневна со трпезарија и куна со излез на балкон, спална, бања, предсобје и 2 балкони од кој едниот е со површина од 30 мкв
Распоред на кат 2: 4 спални, бања, предсобје и балкон.
Куќата е во одлична состојба.
Се нуди за изнајмување луксузно опремена куќа на два ката и дворно место наспроти охридскиот аеродром, со поглед на Охридско езеро.
Куќата е на два ката со дворно место и паркинг.
Распоред на приземјe: дневна соба со трпезарија и кујна со излез во двор, спална соба, бања и ходник.
Рапоред на прв кат: првиот кат има сопствен влез во истиот одделен од приземјето, дневна соба со излез на балкон и излез во дворот, спална соба и бања.
Дворот е опремен со летниковец и дел за релаксација каде е поставена фурна.
Куќата е опремена со најсовремен, луксузен мебел и бела техника, подно греење како и печка на пелети која со парно е поврзана на двата спрата.
Месечна кирија по договор.
Ексклузивна понуда:
Куќа со дворно место во Охрид, урбана заедница Горна Влашка Мала, на ул. Марко Нестороски, во непосредна близина на училиштето Христо Узунов.
Вкупната површина на парцелата изнесува 157 мкв и тоа: земјиште под зграда 101 мкв и дворно место 56 мкв.
Внатрешната површина на куќата изнесува 72 мкв.
Распоред: дневна соба, 2 спални, бања и ходник.
Според деталан урбанистички план ДУП за 10та урбана заедница има услови за надградба П+1.
Катастарски податоци КП 10207 КО Охрид 2.
Во близина на куќата има: основно училиште, градинка, супер-маркети, пекара, продавници од различен вид, автобуска станица и останати потребни услужни дејности.
Совршен избор за фамилијарно домување или времен туристички престој.
Ексклузивна понуда:
Прекрасна куќа со дворно место и плодно земјиште во Лескоец.
Вкупна површина на парцела изнесува: 1.361 мкв и тоа:
- земјиште под зграда: 73 мкв,
- дворно место: 394 мкв и
- плодна нива: 894 мкв.
Куќата е со катност П + 2, а вкупната станбена површина изнесува 233 мкв и тоа:
- Приземје: станбена површина 42 мкв и гаража 20 мкв.
- Прв кат: станбена површина 72 мкв и балкон логија 13 мкв.
- Втор кат: станбена површина 73 мкв и балкон логија 13 мкв.
Куќата се наоѓа на главниот пат Охрид - Лескоец.
Ексклузивна понуда:
Куќа со дворно место во Охрид, урбана заедница Билјанини извори, на ул. Карпош Војвода.
Куќата е на три нивоа и тоа: приземје и два ката.
Распоред на куќата:
Куќата е градена во 80тите по ЈУС градежно - архитектонски стандарди, реновирана и во одлична состојба.
Куќата се наоѓа на најатрактивен дел од градот за домување, на мирна и спокојна локација. Во непосредна близина на куќата се: супер маркети, зелено пазарче училишта, градинки, Болница Охрид, здравствени установи, услужни дејности и сл.
Совршен избор за фамилијарно домување.
Ексклузивна понуда:
Куќа со дворно место на Ул. Галичица, Охрид, во непосредна близина на музичкото училиште.
Вкупната површина на парцела изнесува 392 мкв и тоа:
- земјиште под зграда: 74 мкв и
- дворно место: 318 мкв.
Вкупната станбена површина на куќата изнесува 155 мкв и тоа:
- приземје: 45 мкв,
- прв кат: 55 мкв и
- втор кат: 55 мкв.
Во близина на куќата има: основно музичко училиште, средно училиштем градинка, ресторани, маркети, различен вид продавници, ресторан итн.
Куќата се наоѓа на мирна и спокојна локација совршена за семејно домување.
Ексклузивна понуда:
Куќа карабина, во Охрид, под Кале, на атрактивна локација оддалечена 250 метри од Охридско Езеро, на Ул. Илинденска.
Вкупната површина на парцела изнесува 364 мкв и тоа:
- Земјиште под зграда: 107 мкв,
- Површина на дворно место: 257 мкв.
Вкупна станбена површина на куќата изнесува 320 мкв и тоа:
- Подрум: 80 мкв,
- Приземје: 80 мкв,
- Прв кат: 80 мкв и
- Втор кат: 80 мкв.
Куќата е во фаза на отворена карабина.
Куќата е во непосредна близина на: градска плажа Воска, плажа Лабино, амбуланта, градски пазар, градска чаршија, градинки, маркети и сл.
Прекрасен избор за фамилијарно домување.
Ексклузивна понуда
Вила “Кокица“ Вевчани
Вкупна површина на парцела 147 мкв и тоа земјиште под зграда 82 мкв и дворно место 65 мкв. Катност на куќа П+2 со вкупна површина од 197 мкв и тоа на приземје 62мкв, кат 1 65мкв и кат 2 70мкв.
На приземјето има прекрасна винарија. На катот има една приемна соба и раскошна гостинска соба во етно стил. Катот 2 би се уредил согласно желбите и потребите на купувачот.
Куќата е дел од богата Вевчанска историја. Изградена е од познати Вевчански наимари во 1882 година.
Во текот на својата повеќегодишна изградба куќата го преживеала Креснеското Македонско востание во 1878 - 1879 година. После изградбата ги преживеала и Илинденското востание, Балканските војни, Големата војна, Втората светска војна но и земјотресот во Дебар 1967 година.
Куќата е комплетно реконструирана во 2008 година и тоа со нова покривна конструкција, меѓукатни консрукции, преграден ѕид на прв кат, надворешен фасаден ѕид на втор кат, оџаци, нова електрична и водоводна инсталација, старите прозори се заменети со нови автентични прозори. Фасадата е целосно реконструирана во автентичен стил.
Во куќата ентериерот е целосно реставриран автентично а вториот кат е во фаза на карабина. Постои можност за негова доизградба и уредувње по желба на купувачот.
Реконструкцијата и реставрацијата на куќата е извршена по проект и надзор на стручни лица од рацете на познатите Вевчански наимари.
Куќата има бесценета вредност.
Постои можност за компензација за стан во Љубљана.