kapitalohrid.mk

Прикажи #:
Подреди по:
  • 1319_apartmani 1.jpgДве Куќи со дворно место кај Крст Џамија

    Шифра
    20 112
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 285,000

    Ексклузивна понуда:

    Две одделни куќи една до друга кај дисконт Алпојо.

    Куќите се продаваат заедно а позиционирани се една нaспроти друга. Делат заеднички двор и поседуваат две паркинг места. 

    Едната куќа се состои од посебни апартмани и истата се користи за туристички потреби. Другата куќа е семејна.

    Првата куќа се состои од пет целосно опремени апартмани и истата се продава комплетно опремена.

    Вкупна површина на парцела: 175 мкв и тоа:

    - Дворно место: 107 мкв.

    - Земјиште под зграда 1: 41 мкв.

    - Зјиште под зграда 2: 27 мкв.

    - Приземје: 96 мкв.

    - Прв кат: 99 мкв.

    Втората куќа е фамилијарна куќа на два ката и се продава делумно опремена. Во склоп на дворното место, куќата поседува летна кујна.

    - Приземје: дневна со трпезарија и кујна, остава, ходник и бања.

    - Втор кат: две спални соби, помала просторија ( остава или место за работа ), бања, ходник и два балкони. 

    Вкупна површина на паерцела: 115 мкв и тоа: 

    - Дворно место: 29 мкв.

    - Земјиште под зграда 1: 75 мкв.

    - Земјиште под зграда 2: 11 мкв.

    - Приземје: 51 мкв.

    - Кат 1: 57 мкв. 

    Совршен избор за семејно живеење и работа со издавање на апартмани.

    Во близина на куќите има: дисконт Алпојо, Крст Џамија, здравствени установи, школо, градинка, мини маркети итн.

  • 1083_viber_image_2020-04-30_12-41-54.jpgЕксклузивно Вила “Кокица“ Вевчани

    Шифра
    20 087
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 175,000

    Ексклузивна понуда

    Вила “Кокица“ Вевчани

    Вкупна површина на парцела 147 мкв и тоа земјиште под зграда 82 мкв и дворно место 65 мкв. Катност на куќа  П+2 со вкупна површина од 197 мкв и тоа на приземје 62мкв, кат 1 65мкв и кат 2 70мкв.

    На приземјето има прекрасна винарија. На катот има една приемна соба и раскошна гостинска соба во етно стил. Катот 2 би се уредил согласно желбите и потребите на купувачот.

    Куќата е дел од богата Вевчанска историја. Изградена е од познати Вевчански наимари во 1882 година.

    Во текот на својата повеќегодишна изградба куќата го преживеала Креснеското Македонско востание во 1878 - 1879 година. После изградбата ги преживеала и Илинденското востание, Балканските војни, Големата војна, Втората светска војна но и земјотресот во Дебар 1967 година.

    Куќата е комплетно реконструирана во 2008 година и тоа со нова покривна конструкција, меѓукатни консрукции, преграден ѕид на прв кат, надворешен фасаден ѕид на втор кат, оџаци, нова електрична и водоводна  инсталација, старите прозори се заменети со нови автентични прозори. Фасадата е целосно реконструирана во автентичен стил.

    Во куќата ентериерот е целосно реставриран автентично а вториот кат е во фаза на карабина. Постои можност за негова доизградба и уредувње по желба  на купувачот.

    Реконструкцијата и реставрацијата  на куќата е извршена по проект и надзор на стручни лица од рацете на познатите Вевчански наимари.

    Куќата има бесценета вредност.

    Постои можност за компензација за стан во Љубљана.

  • 1208_20180506_142634.jpgЕксклузивно Еко Ресорт Вила Арт Момир

    Шифра
    20 095
    Тип
    Куќи
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 0

    Ексклузивна понуда

    “Еко ресорт Вила Арт Момир“ во село Опеница - Охрид.

    Еко ресортот е сместен на Опеничка река во еколошки чиста и недопрена природа. 

    Објекти во состав на ресортот:

    * Вила со 12 двокреветни апартмани со бања и затворени тераси. Апартманите се опремени со мебел во рустичен стил кој му дава топол амбиент на просторот во духот на селска идила.

    * Зимски ресторан комплетно опремен;

    * Летен ресторан - со платформа над река и базен за крапови. Ресторанот е комплетно опремен;

    * Спа центар со финска и парна бања, џакузи и чајна кујна.

    * Два надворешни шанкови и летниковци

    * Надворешен базен.

    Ресортот е одлична бизнис инвестиција бидејќи живееме во ера кога бегството во чиста и недопрена природа, така наречен алтернативен еко туризам, е светски тренд како најпосакуван избор од туристите за бегство од секојдневниот урбан живот и одмор и релаксација во мирна селска идила. 

    Цена по договор.

  • 941_dsc00946.jpgЕксклузивно Куќа во Центар

    Шифра
    20 073
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 0

    Ексклузивна пондуда:

    Куќа со центарот на Охрид, во непосредна близина на градски Пазар, Охридска банка и хотел Чинго, лепенка со вила Пиано.

    Вкупна површина на парцела 200 мкв и тоа земјиште под зграда 97 мкв и дворно место 103 мкв.

    Куќата е со катност П+2. Можност за  доградба П+3+Пк според Детален урбанистички план за Урбана зона 1 Блок 1.2, 1.4 и дел од Блок 3.4 за КП 14589 КО Охрид 3.

    Вкупна станбена површина на куќа 200 мкв. Гаража 30 мкв.

    Распоред на приземје: дневна со трпезарија и кујна со излез на балкон, бања, предсобје и балкон.

    Распоред на кат 1: дневна со трпезарија и куна со излез на балкон, спална, бања, предсобје и 2 балкони од кој едниот е со површина од 30 мкв

    Распоред на кат 2: 4 спални, бања, предсобје и балкон.

    Куќата е во одлична состојба.

  • 1296_viber_image_2023-08-31_13-41-37-310.jpgКуќа во Билјанини извори на ул. Карпош Војвода

    Шифра
    20 111
    Тип
    Куќи
    Земја
    Македонија
    За
    Продавање
    Цена
    EUR € 145,000

    Ексклузивна понуда:

    Куќа со дворно место во Охрид, урбана заедница Билјанини извори, на ул. Карпош Војвода.

    Вкупната површина на парцела изнесува 177 мкв и тоа:
    - земјиште под зграда: 76 мкв и
    - дворно место: 101 мкв.

    Куќата е на три нивоа и тоа: приземје и два ката.

    Вкупната површина на куќата изнесува 188 мкв и тоа: 
    - приземје 57 мкв;
    - прв кат 60 мкв и балкон 5 мкв и
    - втор кат 61 мкв и балкон 5 мкв. 
    - ходници и скалила: 31 мкв

    Распоред на куќата:

    - приземје: деловен простор, една соба (спална) и бања;
    - прв кат: дневна соба со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална соба и бања.
    - втор кат: дневна соба со трпезарија и кујна со излез на балкон, спална соба и бања. 

    Куќата е градена во 80тите по ЈУС градежно - архитектонски стандарди, реновирана и во одлична состојба. 

    Куќата се наоѓа на најатрактивен дел од градот за домување, на мирна и спокојна локација. Во непосредна близина на куќата се: супер маркети, зелено пазарче училишта, градинки, Болница Охрид, здравствени установи, услужни дејности и сл. 

    Совршен избор за фамилијарно домување.

Страна 1 од 3

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian