Се нуди за изнајмување луксузно опремена куќа на два ката и дворно место наспроти охридскиот аеродром, со поглед на Охридско езеро.
Куќата е на два ката со дворно место и паркинг.
Распоред на приземјe: дневна соба со трпезарија и кујна со излез во двор, спална соба, бања и ходник.
Рапоред на прв кат: првиот кат има сопствен влез во истиот одделен од приземјето, дневна соба со излез на балкон и излез во дворот, спална соба и бања.
Дворот е опремен со летниковец и дел за релаксација каде е поставена фурна.
Куќата е опремена со најсовремен, луксузен мебел и бела техника, подно греење како и печка на пелети која со парно е поврзана на двата спрата.
Месечна кирија по договор.
Ексклузивна понуда:
Куќа со прекрасен поглед на езеро и дворно место во стариот дел на Охрид, " Варош ".
Вкупната површина на парцелата изнесува: 188 мкв и тоа:
- Градежно изградено земјиште: 42 мкв и
- Земјиште под зграда: 146 мкв.
Вкупната изградена површина на куќата изнесува 139 мкв.
Куќата е на два спрата и тоа приземје и прв кат, исто така располага со дворно место од 50 мкв и сопствена гаража.
Првиот кат располага со: дневна соба, спална соба, кујна, остава ( помошен дел ) и бања.
Вториот кат располага со: дневна соба, две спални соби и балкон со прекрасен панорамски поглед на Охридско езеро.
Куќата располага и со влез од задната страна.
Парцелата е со маркица П + 2.
Куќата е со јужна ориентација, на лесно достапно место. Во близина на куќата има: расторани, кафулиња, продавници, центарот на град Охрид, Кеј Македонија, пристаништето на град Охрид, Антички Театар Охрид итн.
Прекрасна куќа совршена за фамилијарно домување или работа во областа на туризмот.
Ексклузивна понуда:
Куќа со дворно место во Охрид, урбана заедница Горна Влашка Мала, на ул. Марко Нестороски, во непосредна близина на училиштето Христо Узунов.
Вкупната површина на парцелата изнесува 157 мкв и тоа: земјиште под зграда 101 мкв и дворно место 56 мкв.
Внатрешната површина на куќата изнесува 72 мкв.
Распоред: дневна соба, 2 спални, бања и ходник.
Според деталан урбанистички план ДУП за 10та урбана заедница има услови за надградба П+1.
Катастарски податоци КП 10207 КО Охрид 2.
Во близина на куќата има: основно училиште, градинка, супер-маркети, пекара, продавници од различен вид, автобуска станица и останати потребни услужни дејности.
Совршен избор за фамилијарно домување или времен туристички престој.
Ексклузивна понуда:
Куќа со дворно место на Ул. Галичица, Охрид, во непосредна близина на музичкото училиште.
Вкупната површина на парцела изнесува 392 мкв и тоа:
- земјиште под зграда: 74 мкв и
- дворно место: 318 мкв.
Вкупната станбена површина на куќата изнесува 155 мкв и тоа:
- приземје: 45 мкв,
- прв кат: 55 мкв и
- втор кат: 55 мкв.
Во близина на куќата има: основно музичко училиште, средно училиштем градинка, ресторани, маркети, различен вид продавници, ресторан итн.
Куќата се наоѓа на мирна и спокојна локација совршена за семејно домување.
Куќа во с.Велестово со дворно место на прекрасна локација од која се гледаат целиот град Охрид и Охридско езеро.
Вкупната изградена површина на куќата изнесува 320 мкв од кои 43 мкв се помошни простории.
Куќата располага со: сутерен кат, прв кат и втор кат.
Сутерниот кат од куќата е комплетно завршен, додека првиот и вториот кат од куќата се во зафршна фаза.
Прекрасно место опкружено со природа која дава чувство на интимност и спокој.