Нов комфорен четирисобен стан во Охрид строг центар, непосредно до Охридското Езеро и чаршијата. Премиум локација.
Вкупна површина 108 мкв. Кат 1. Ориентација југозапад. Паркинг со доплата.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 3 спални соби, 2 бањи, гостински тоалет, ходник, тераса и балкон.
Карактеристики: станот се наоѓа во нов објект во изградба, со краен рок за примопредавање 2028 год. Зградата се гради по современите градежни и архитектонски стандари за стабилно, висококвалитетно и енергетски ефикасно домување.
ТОП атрактивна локација: станот е во центарот на урбаното срце на Охрид. Неколку минути до Охридската чаршија, градскиот кеј-шеталиште и парк на Охридското Езеро, на мирна улица, во близина на училишта, детска градинка, здравствени установи, аптеки, маркети, услужни објекти, државни и локални институции, банки. Лесно достапен пеш до сите градски содржини за секојдневно функционирање.
Мудра инвестиција во избор на одличен дом за пријатно урбано живеење, профитабилно туристичко работење, времен престој, одмор и релаксација во најстрогиот центар на Охрид.