kapitalohrid.mk

Почетна Станови НОВИ ТРИСОБНИ СТАНОВИ 70 МКВ ДАЉАН ОХРИД НА ЕЗЕРО

id:1555
Шифра
10 187
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Даљан
Урбана заедница
4 Воска
Површина
70м2
Кат
1, 2, 3, 4
Катност
Приземје + 4 ката + Поткровје
Спални
2
Тераси
1
Бањи
1
Година на градба
2026/2028
Цена
По договор

Нови трисобни станови 70 мкв на прекрасна локација во урбаната населба Даљан, 100-тина метри од плажата и Охридското Езеро. 

Вкупна површина на стан 70 мкв. Распоред: комфорен дневен престој со кујна, трпезарија и дел за одмор, 2 спални соби, бања и ходник. Приземје. Ориентација југозапад. 

Цена по договор. Паркинг простор со доплата. 

Карактеристики: становите се наоѓаат во нова зграда во градба, со краен рок на примопредавање почеток на 2028 година. Објектот се гради по современите стандарди и трендови за висококвалитетно, стабилно, комфорно и економично домување, со одлична термо и звучна изолација, пвц дограма со шест комори и три стакла, под од првокласен паркет (таркет) и плочки од увоз прва класа, со инсталиран клима уред во дневната соба на секој стан. 

Атрактивна, мирна, урбана локација: на само 100-тина метри од плажите и Охридското Езеро, во популарната  крајезерска населба Даљан, надвор од градската бучава и сообраќаен метеж, на 1,8 km од центарот на Охрид и градскиот пазар. Во близина има маркети, туристичко-угостителски објекти, плажи и пешачки патеки на крајбрежниот појас кон Струга и преку ридот под Самоиловата тврдина, кон плажите Лабино и Потпеш и стариот дел на Охрид. 

Мудра инвестиција со идеален избор на стан за пријатно домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење покрај Охридското Езеро. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian