Нов стан во градба на премиум локација во строг центар на Охрид до чаршијата.
Вкупна површина: 48 мкв. Внатрешна површина на стан 45 мкв, балкон лоѓија 3 мкв. Поткровје, јужна ориентација.
Распоред: простран дневен престој со кујна и трпезарија, 1 двокреветна спална соба, ходник, бања и балкон.
Карактеристики: станот е во нова, мала зграда во градба со краен рок за завршување почеток на 2028 година. Објектот се изведува според сите најсовремени градежно-архитектонски стандарди и најнови трендови за стабилно, квалитетно, модерно, енергетски ефикасно, економично и комфорно живеење.
Премиум атрактивна локација: строг центар на Охрид, во срцето на урбаното јадро, само 300 метри до стариот Охридски чинар, плоштадот Крушевска Република, чаршијата и градскиот пазар, непосредно до сите градски институции, маркети, трговски, угостителски, хотелски објекти, банки, 500 метри-неколку минути пеш до Охридското Езеро, градскиот парк и кеј-шеталиште, пристаништето, плоштадот Свети Климент Охридски.
Одличен избор за мудра инвестиција во вредна недвижност за повеќе идни генерации. Идеален за функционално домување со лесна достапност на сите содржини во централната зона на Охрид, за времен престој, одмор, рекреација и посебно за исплатливо туристичко работење и изнајмување.