kapitalohrid.mk

Почетна Станови ТРИСОБЕН СТАН ОХРИД ЦЕНТАР 45 МКВ БЛИЗУ ЕЗЕРО

id:1507
Шифра
10 141
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Центар Хотелско-Туристичка зона
Урбана заедница
2 Центар
Површина
45м2
Кат
Приземје
Катност
Приземје + 4 ката
Спални
2
Бањи
1
Година на градба
2025/2028
Цена
EUR € 112,500

Трисобен стан во Охрид, во урбана заедница Центар, на атрактивна локација во хотелско-туристичката зона во непосредна близина на градскиот кеј на Охридското Езеро. 

Вкупна површина на стан 45 мкв. Кат Приземје. Ориентација запад. Паркинг простор на -1 подземно ниво, со доплата по договор.
Распоред: Комотен дневен престој со трпезарија и кујна, 1 спална соба, 1 работна соба и бања. 
Карактеристики: Станот  се наоѓа во нов објект во изградба, со краен рок за примопредавање 2028 год. Зградата се гради по најсовремени градежно-архитектонски стандарди за стабилно, квалитетно,  енергетски ефикасно и комфорно домување.
Атрактивна Топ Локација: Централна, но истовремено тивка и мирна локација во најпосакуваната хотелско туристичка зона, 300 метри од езерското градско шеталиште на Охридското Езеро - Кеј Македонија, во непосредна близина на градскиот парк, плоштадот Свети Климент Охридски, градското пристаниште, Охридската Чаршија, Спортскиот центар Билјанини Извори и мостот Студенчишта со градските плажи, до црквата Свети Никола, Факултетот за туризам и угостителство, во близина на хотели, ресторани, маркети, услужни дејности, банки и други институции.
Совршен избор за пријатно домување во една од најбараните топ, централни локации во Охрид, за туристичко работење во хотелско-туристичка градска зона, за времен туристички престој, пријатен одмор, релаксација и рекреација. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian