Двособен стан во градба во нов објект на булевар „Туристичка“, во нова градска урбана област, 1 km од строг Центар на Охрид, 500 метри од плажата Даљан и Охридското Езеро. Цена поволна.
Вкупна површина на стан: 56 мкв. Кат 1, 2, 3 и 4. Зграда со лифт. Ориентација исток.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, спална соба, бања, ходник и балкон.
Можност за купување паркинг простор со доплата.
Станот се наоѓа во нов објект во градба, кој се гради според сите современи стандарди и трендови за безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување. Рокот за довршување на градбата е лето 2028 година.
Локација: до булевар „Туристичка“, во нов урбан дел на Охрид, меѓу хотел Фламенго и излезот од Охрид во насока автопат Кичево-Скопје. На 1 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар, на само 500 метри од брегот на Охридското Езеро и градската плажа во Даљан, со идеални услови за релаксација и рекреација во прекрасна природа, во близина има маркети, ресторани, зелено пазарче, хотели, бензински пумпи и други услужни дејности.
Цена поволна, 1.450 Евра/мкв. Тотал = 81.200 Евра.
Многу добар избор на стан по поволна цена, погоден за комфорно, урбано, модерно домување, за времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење.