Трисобен стан во градба во нов објект на булевар „Туристичка“, непосредно до хотел Фламенго. 1 km од строг Центар на Охрид, 700 метри од плажата Даљан и Охридското Езеро. Цена најповолна во Охрид.
Вкупна површина на стан: 85 мкв. Кат 1 и 3, со лифт. Ориентација југо-запад.
Распоред: комотен дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални соби, бања, ходник и балкон.
Можност за купување паркинг простор со доплата.
Станот се наоѓа во нов објект во градба, кој се гради според сите современи стандарди и трендови за безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување. Рокот за довршување на градбата е крај на 2028 година.
Локација: до булевар „Туристичка“, во нов урбан дел на Охрид, во близина на хотел Фламенго. На 1 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар, во близина на маркети, ресторани, зелено пазарче, хотели, бензински пумпи и други услужни дејности.
Цена 1.600 Евра/мкв.
Одличен избор на стан за комфорно урбано домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење.