kapitalohrid.mk

Почетна Станови ГОТОВ ОПРЕМЕН ДВОСОБЕН СТАН 56 МКВ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

id:1493
Шифра
10 127
Тип
Станови
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Охрид Билјанини Извори
Урбана заедница
8 Биљанини извори
Кат
3
Катност
Приземје + 5 ката
Спални
1
Тераси
1
Бањи
1
Цена
EUR € 110,000

Готов, двособен, веднаш вселив стан во нова градба, комплетно опремен, со имотен лист, Билјанини Извори Охрид. Во одлична состоба, воопшто неупотребуван.

Вкупна површина: 56 мкв. Внатрешна станбена површина 51 мкв, балкон 5 мкв. 3 кат. Источна ориентација.

Распоред: Дневен престој со кујна и трпезарија со излез на балкон, 1 спална соба, бања, ходник, балкон и остава. 

Станот се продава со комплетна, квалитетна опрема, сите елементи од мебел и апарати за домаќинство, систем за греење и ладење, под од паркет и плочки, алуминиумски венецијан ролетни, воопшто некористен.

Станот е во релативно нова градба, изградена по современи градежно-архитектонски стандарди и трендови за стабилно, квалитетно, економично и комфорно домување. Располага со простран јавен паркинг, за потребите на сопствениците на становите и посетителите.

Атрактивна локација: во населбата Билјанини Извори, нов урбан дел непосредно до истоимениот прочуен локалитет и спортско-рекреативен центар, 500 метри од Охридското Езеро, градскиот кеј, плажи и парк, 1 km од строгиот центар на Охрид и главното пристаниште, во непосредна близина на големи бренд маркети, продавници, пазарчиња, детски градинки, други институции и услужни дејности. 

Одличен избор на нов, готов, комплетно уреден стан, за пријатно и функционално домување, времен престој, одмор, рекреација и туристичко работење. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian