Нов двособен стан во Охрид на булевар „Туристичка“, непосредно до хотел Фламенго. На 500 метри од плажата Даљан, 1 km од Охрид-Центар.
Вкупна површина на стан 55 мкв, 49 мкв стан, 6 мкв балкон лоѓија. Кат 3, со лифт. Ориентација запад.
Распоред: влезен ходник, комфорен дневен престој со кујна и трпезарија, со излез на балкон, спална соба со излез на балкон, бања и балкон-лоѓија.
Станот се наоѓа во станбена зграда, новоградба, изградена по современи светски градежно-архитектонски стандарди, со висококвалитетни материјали, докажана стабилност, енергетска ефикасност, одлична изолација..
Карактеристики: сигурносна влезна врата, дрвени собни врати, ПВЦ прозори, внатрешни ролетни-жалузини, надворешни алуминиумски ролетни, под ламинат, греење со клима уред и други грејни тела на струја.
Станот се продава комплетно опремен, со нова кујна со сите елементи, опремена бања, инвертер клима уред 5,5 KW, внатрешни ролетни венецијани, надворешни, заштитни алуминиумски ролетни, нов квалитетен мебел, бела техника и сите апарати за домаќинство.
Станот и опремата се минимално користени и се во одлична состојба.
Локација: станот е на ул. „Бистрица“, непосредно до булевар „Туристичка“. На само 500 метри од брегот на Охридското Езеро и плажата Даљан, 1 km од строгиот центар на Охрид и градскиот пазар. Во непосредна близина има хотели, ресторани, маркети, зелено пазарче, бензински пумпи и други услужни дејности.
Станот е веднаш вселив со сите услови за комфорно, модерно домување, за времен престој, туристичко работење, одмор, релаксација и рекреација.