ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:
Нов станбено-деловен објект во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридското Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски.
Објектот е новоградба, со приземје и два ката и влез од чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.
Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, до влезот во градскиот пазар. Објектот е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски.
Со централната, привлечна локација и можностите што ги нуди станбено-деловниот објект, за развивање бизниси и различни деловни активности, за живеење и за туристичко работење, ова е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената.