Двособен, готов, веднаш вселив стан, во Охрид Центар, 300 метри од Охридска чаршија.
Вкупна површина 57 m². Стан 43 m² на приземје, балкон 10 m², подрум 4 m². Западна ориентација.
Распоред: дневна соба со комплетно опремена, нова кујна,
трпезарија, 1 спална соба со вграден плакар, 1 опремена бања, 1 покриена, заградена и застаклена балкон-лоѓија, подрум на -1 подземно ниво.
Карактеристики: релативно нова зграда, изградена по сите современи архитектонско-градежни стандарди за безбедно, квалитетно, економично и комфорно домување. Комплетно реновиран стан. Се продава делумно опремен.
Атрактивна локација: строг центар, во урбаното срце на Охрид. На само 200 метри од Охридската чаршија, централниот кружен тек на булевар Туристичка и градскиот пазар. Во непосредна близина на сите содржини, институции, објекти и дејности во централното подрачје на Охрид, со лесна достапност - пеш.
Исклучително поволна, идеална можност за домување во централната градска зона на Охрид, за времен туристички престој, одмор и туристичко работење.