kapitalohrid.mk

Почетна Куќи КУЌА ВО СРЦЕТО НА СТАРА ЧАРШИЈА-ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

id:1459
Шифра
20 012
Тип
Куќи
Земја
Македонија
За
Продавање
Локација
Центар Стара Чаршија Пазар
Урбана заедница
2 Центар
Површина
102м2
Катност
Приземје + 2 Ката
Тераси
2
Бањи
3
Година на градба
2025
Цена
EUR € 265,000

ИСКЛУЧИТЕЛНО АТРАКТИВНА ПОНУДА:

Нова куќа во срцето на старата охридска чаршија, на ул. Гоце Делчев, веднаш до градскиот пазар. Во непосредна близина на стариот чинар, близу Охридско Езеро и централниот плоштад Св. Климент Охридски. 

Куќата е новоградба, со приземје и два ката, со влез во чаршијата, на ул. Гоце Делчев. Секое ниво е со еднаква површина по 34 m², обезбеден санитарен јазол и ПВЦ дограма, приземјето и двата ката се поврзани со внатрешни скалишта.  

Исклучително атрактивна локација: на улица Гоце Делчев, во најфрекфентна централна урбана зона, најпопуларна за жителите на Охрид и за туристите, со многу продавници, ресторани и кафулиња, на влезот во градскиот пазар. Куќата е меѓу првиот и вториот охридски чинар, на 50 метри од плоштадот Крушевска Република, на 500 метри од Охридското Езеро, градското пристаниште и главниот плоштад Свети Климент Охридски. 

Со централната, привлечна локација и можностите кои ги нуди станбено-деловниот објект, за живеење, туристичко работење и различни деловни активности, тој е идеална опција за вредна, визионерска, мудра исплатлива инвестиција, која со времето постојано ќе се оплодува, без разлика на намената. 

Доколку сте заинтересирани, контактирајте го нашиот агент.


Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian