Трисобен, комфорен стан во Охрид, во урбана заедница Билјанини Извори, во станбен комплекс Расадник, до детската градинка Лихнида.
Вкупна површина 77 мкв, и тоа 69 мкв внатрешна површина на стан и 8 мкв балкон лоѓија. Кат 2, ориентација запад.
Распоред: простран дневен престој со излез на балкон со опремена кујна и трпезарија, пријатен амбиент со природна светлина, 2 спални соби со излез на балкон, бања, големо претсобје и остава. На станот му припаѓа надворешно паркинг место, на партер.
Карактеристики: зградата е релативно нова градба, изградена во 2020 година, според сите современи архитектонски и градежни стандарди за стабилно, квалитетно и енергетски ефикасно домување. Станот е со сигурносна влезна врата, паркетен под, пвц прозори, зебра завеси. дрвени внатрешни врати, вградени плакари.
Станот се продава делумно опремен, во одлична состојба, сосема малку користен.
Привлечна локација: станот е во мирна, лесно достапна локација, во непосредна близина на детската градинка Лихнида, со отворен непречен поглед од големиот балкон кон градот Охрид, во близина се Билјанините Извори и охридскиот спортско-рекреативен центар, градскиот кеј на Охридското Езеро и плажите, Националниот парк Галичица, познати големи маркети и сите услови за лесно секојдневно функционирање.
Одличен избор за пријатно и спокојно домување во атрактивна урбана зона на Охрид, за туристичко работење или за одмор и времен туристички престој.