Трисобен комфорен стан во Охрид, во урбана заедница Центар, на улица Партизанска во хотелско-туристичката зона во непосредна близина на градскиот кеј на Охридското Езеро.
Вкупна површина 79 мкв и тоа 76 мкв внатрешна површина на стан и 3 мкв балкон лоѓија. Кат 1. Ориентација југозапад-исток. Зградата има разигран фасаден изглед со катност приземје, 2 ката и поткровје.
Распоред: голема дневна со трпезарија и кујна на југозапад со излез на балкон, 2 спални соби на исток, бања, претсобје и југозападен балкон оринтиран кон Охридското Езеро.
Карактеристики: Зградата е добро зачувана понова градба. Станот е со сигурносна влезна врата, паркетен под, пвц прозири, дрвени внатрешни врати и надворешни ролетни.
Станот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника во солидна состоба, одлично сочуван. Користен е само за времен турстички престој од страна на сопствениците.
Атрактивна локација: Централна лесно достапна урбана зона на Охрид, на улица Партизанска, 150 метри од езерското градско шеталиште на Охриското Езеро - Кеј Македонија, во непосредна близина на градскиот парк, плоштадот Свети Климент Охридски, градското пристаниште, Охриската Чаршија, Спортскиот центар Билјанини Извори и мостот Студенчишта со градските плажи, до црквата Свети Никола, Факултетот за туризам и угостителство, во близина на хотели, ресторани, маркети, услужни дејности, банки и институции.
Совршен избор за пријатно домување во една од најбараните централни зони во Охрид, за туристичко работење во хотелско-туристичка градска зона, како и за времен туристички
престој, пријатен одмор, релаксација и рекреација.