Трисобен, комфорен, ексклузивен апартман на високо приземје, во апартмански комплекс Парк - Голден бич, на брегот на Охридското Езеро.
Атрактивна локација: на самата езерска плажа, со можности за пливање, сончање, пешачење, спортување и уживање, во мирно опкружување, во непосредна близина на градот Охрид.
Апартманот е со површина од 82 мкв и пространа тераса од 64 мкв. Кат Приземје. Ориентација: исток-југ, со поглед кон Охридското Езеро, градот Охрид и планината Галичица.
Комплексот има подземен паркиг простор и слободни паркиг места на партер околу објектот.
Распоред: комотен дневен престој со трпезарија и кујна, 2 спални соби, ходник, бања, тоалет и голема тераса.
Апартманот се продава комплетно опремен со мебел и бела техника.
Апартманскиот комплекс е оддалечен 3 км со коловоз или 1.8 км со пешачка патека од градот Охрид.
Идеална можност за пријатен одмор, релаксација, рекреација, домување во непосредна близина на градот Охрид, како и инвестиција во сопствен бизнис за туристичко работење.
Цена по договор.