Ексклузивна понуда
Трособен стан организиран како 3 засебни апартмани со двор.
Станот се наоѓа во Охрид, урбана заедница Даме Груев, станбен комплекс Христо Узунов, кај ординација Сонце.
Површина 76 мкв и тоа: Апартман А1 24мкв, Апартман А2 22мкв, Апартман А3 26мкв и Ходник за сервисирање со сигурносна врата 4мкв. Кат приземје. Ориентација југ. Паркинг.
Дополнителна корисничка површина: двор обезбеден со метална ограда и врата со клуч со површина од 12 мкв.
Распоред: 3 засебни апартмани со засебен влез и со излез во двор. Секој апартмани има сопствена бања и кујна.
Карактеристики на градба: ПВЦ прозори, ламинатен под, ролетни жалозини, сигурносна влезна врата, партерно уреден двор со метална ограда и врата со клуч.
Опрема: апартманите се комплетно опремени со: мебел (кревети, ноќни шкафчиња, маса, стол, комоди, гардеробер), кујна (мијалник, фрижидер, рерна со 2 токи), телевизор, комплетно опремени бањи, клима уред, интернет и кабелска телевизија
Зградата е изградена во 1991 год. од Гранит. Апартманите се целосно реновирани во 2018 год.
Местоположба: станот е оддалечен 6 минути од градскиот плоштад и автобуската станица.
Одлична инвестиција за бизнис со издавање на туристи. или за времено сместување за туристички потреби.