Ексклузивна понуда:
Урбанизиран плац во Охрид, на атрактивна локација, во туристичката зона “Горица“.
Плацот се наоѓа на КП 6022/1,6022/2,6023/2,6481/18 и 6482/15, согласно Имотен лист број 103857 КО Охрид 4 со вкупа површина од 2.485 мкв.
Плацот е урбанизиран согласно Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за дел од крајбрежен простор туристички локалитет Горица - Свети Стефан - Метропол за дел од туристичка населба “Горица - Исток“.
Градежната парцела е со намена А4 - времено сместување (вила со апартмани), маркица со површина 622 мкв, со катност П+2 и вкупно изградена површна 1.867 мкв.
Плацот е на терен со пад со прекрасен панорамски непречен поглед на Охридското езеро и градот Охрид.
Плацот комуникациски е поврзан со градот и плажите со приклучен асвалтиран пат до автопатот Охрид-Свети Стефан. Оддалечен е 1 км од плажата Парк и 2 км од Охрид.
Плацот е одлична инвестиција за изградба на туристички апартмански комплекс.