kapitalohrid.mk

ПОЧИТУВАНИ КЛИЕНТИ,
Добредојдовте на веб страницата на агенцијата за недвижности КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид.
Агенцијата за недвижности КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид започна со работа во октомври, 2008 г.
Се наоѓаме на ул. Македонски Просветители во Трговскиот центар Стара Чаршија – Амам, локал бр.222/1 (најгорен кат) во Охрид. локација
Ви нудиме голем избор на станови, апартмани, куќи, викенд куќи, деловни објекти и плацови за продажба и изнајмување како и се грижиме за целокупната административна процедура при прометот со недвижен имот.
Покрај посредување при купување, продажба и изнајмување на недвижен имот, за нашите клиенти ги нудиме и следните административни услуги:
- Пред-договор и Главен договор за продажба;
- Договор за размена;

- Договор за изнајмување;

- Договор за дар;
- Имотен лист;

- Обезбедување на потврда од комуналните претпријатија за подмирени сметки;

- Поединечен упис на право на сопственост во катастар;
- Постапка за приватизација;
- Постапка за наследство;

- Градежно-техничка документација;

- Проценка на недвижност од овластен проценител и
- Други административни услуги согласно потребите на клиентите.
КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид е Ваш најдобар партнер. Направивте вистински избор!
Ви благодариме на Вашата доверба.
Со почит,
КАПИТАЛ консалтинг дооел Охрид
Менаџер, Наташа Спасеска
 

Јазик

English Dutch French German Albanian Macedonian